Кошарка Спорт

Познати сите учесници во разигрувањето на Истокот, Далас и Дончиќ останаа без плејоф

Основниот дел од сезоната во НБА лигата полека се ближи до самата завршница. Членовите на Источната конференција треба да одиграат уште по еден натпревар и познати се сите учесниците во разигрувањето за шампионската титула, а на Западот Далас остана без место во постсезоната.

Маверикс загубија на домашен паркет со 112-115 од Чикаго и оваа сезона нема да играат плејоф, една година откако беа во конференциското финале. Тимот свесно ги остави надвор од тимот Кајри Ирвинг, како и четворица други важни играчи, а Лука Дончиќ беше лимитиран на само една четвртина. Овој пораз на Далас значеше дека Оклахома го освојува 10.место на Западот и ќе игра  во плеј-ин турнирот.

Бруклин го совлада Орландо со 101:84 и дефинитивно го обезбеди местото меѓу шесте најдобри и пласманот во плеј офот.

Микал Бриџис мечот го заврши со 22 поени и пет скока, Камерон Џонсон беше стрелец на 18 поени додека Ник Клекстон забележа 14 поени и 15 освоени топки под обрачите.

Во поразениот тим Кол Ентони впиша 14 поени и девет скока, а Гога Битадзе додаде 12 поени и 15 освоени топки.

Лос Анџелес Лејкерс славеше над Феникс со 121:107 и се уште има надеж дека може да го избегне учеството во плеј инот.

Д’Анџело Расел беше стрелец на 24 поени, Остин Ривс имаше учинок од 22 поени и пет додавања, а ЛеБрон Џејмс стигна до 16 поени и шест асистенции.

На спротивната страна најефикасен со 18 поени беше Тори Крег, а Џош Окоги имаше 16 поени и шест скока.

Во првиот круг од плеј ин на Истокот ќе се соочат Мајами – Атланта и Торонто – Чикаго, а во првата рунда од разигрувањето Милвоки и Бостон го чекаат епилогот од оваа фаза на лигата додека останатите четвртфинални двојки се Кливленд – Њујорк и Филаделфија – Бруклин.

Во останатите натпревари постигнати се следниве резултати: Шарлот – Хјустон 109:112, Индијана – Детроит 115:122, Вашингтон – Мајами 114:108, Атланта – Филаделфија 131:136, Бостон – Торонто 121:102, Милвоки – Мемфис 114:137, Њу Орлеанс – Њујорк 113:105,  Сакраменто – Голден Стејт 97:119.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе