Фудбалскиот клуб Барнли за кој настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов по само една сезона во Чемпионшип дивизијата експресно се враќа во Премиерлигата откако синоќа го совлада Мидлсборо на гостински терен со 1-2.
Тимот предводен од менаџерот Венсан Компани обезбеди промоција во англиската елите на седум кола до крајот. Формата на Барнли е неверојатна, а последниот пораз во сезоната го доживеа во месец ноември. Математички не може да падне под второто место на табелата на крајот од сезоната, бидејќи има дури 19 бодови пред третопласираниот Лутон, кој треба да одигра шест натпревари до крајот.
Чурлинов синоќа на стадионот „Риверсајд“ не беше во составот на Барнли. Тој сезонава одигра само шест натпревари за Барнли во Чемпионшип дивизијата, четири во ФА Купот и два во Лига Купот.
