Лестер сити е во напредни преговори со Џеси Марш за менаџерската позиција во клубот. „Лисиците“ минатиот викенд се разделија со Брендан Роџерс, кој го водеше тимот четири години, но беше отпуштен поради лошите резултати сезонава.
Американецот лани седна на клупата на Лидс јунајтед и го водеше до опстанок, но сезонава заработи отказ, бидејќи „белите“ повторно беа во долниот дел од сезоната. Марш е најсериозниот кандидат да го преземе кормилото на „Кинг Пауер“ стадионот.
Се шпекулира дека Лестер преговарал и со Рафа Бенитез и Ралф Хазенхитл, но конечниот избор паднал на Марш.
