Кошарка Спорт

МЗТ остана во „живот“: Во Сплит ја запиша првата гостинска победа сезонава во АБА

МЗТ Скопје продолжува да сонува опстанок во АБА-лигата во самиот финиш од сезоната откако вечерва запиша победа од 74-77 на гостувањето кај Сплит во рамки на претпоследното коло. Сега „металците“ чекаат услуга од Црвена Звезда за да ги продолжат шансите за опстанок во елитата до последниот натпревар.

Македонскиот шампион го почна натпреварот со одлична игра, но до крајот на првиот период Сплит го презема водството со 24-20. МЗТ одигра одлична втора четвртина кога го лимитираше хрватскиот тим на само 9 постигнати поени и на пауза замина со водство од 31-39. Во второто полувреме домашните иако силно притискаа, „металците“ не попуштија и го држеа водството, кое стигна и до највисоки +12 во последниот период. Сплит успеа да дојде до -3 во самиот финиш, но Мајкл Кефи постигна важна тројка со која ја обезбеди победата. Конечниот резултат гласеше 74-77.

Браќата Стојановски одиграа одличен натпревар, а Војдан постигна 16 поени, додека Дамјан имаше 13. Двоцифрени во нападот беа Александар Бурсач со 12 и Мајкл Кефи со 10 поени.

МЗТ сега чека пораз на Борац Чачак пред своите гледачи од Црвена Ѕвезда, натпревар што се игра во недела. Ако фаворитот од Белград слави, тогаш во последното коло МЗТ на домашен терен треба да ја победи Цибона идниот петок, а Борац уште еднаш да загуби и тоа на гостувањето кај фаворитот Будуќност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе