Вести Македонија Топ вести

Јовевски во Топ Тема: Обвинителството за борба против организиран криминал има отворено повеќе истраги за високи актуелни и поранешни функционери

Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага по допрен глас за тендерите за надзорот на автопатите, имаме и други предмети, но мора да прифатите дека за одредени предмети не можеме да соопштуваме детали за јавноста, во делот на постапката до каде се овие предмети исто така и за предметот познат како „пасошите“, изјави во вечерашната Топ Тема, државниот обвинител, Љубомир Јовевски, во однос на забелешките дека во работата на ова обвинителство недостасуваат резултати во борбата против високата корупција, што е една од најкрупните забелешки и во извештаите на Стејт департментот.

Јовевски тврди дека станува збор за сложени предмети и дека голем дел од доказите треба да се обезбедат во сложени постапки кои траат долго.

Процесите ќе се отворат тогаш кога ќе се обезбедат доказите, вели Јовевски.

Во однос на предистрагата по допрен глас за Бехтел и Енка и сомнежите за корупција, државниот обвинител изјави дека веќе се преземале одредени чекори, се побарале одредена документација и други доказни средства.

Сепак, Јовевски изјави дека не може да соопшти повеќе детали за тоа што досега се работи за овој случај.

Прв пат обвинителите имаа можност да избираат раководител на едно од најзначајните обвинителства за борба против организиран криминал и корупција, изјави Јовевски за процесот на избор на прв човек на ова обвинителство. Во однос на работата на Ислам Абази, Јовевски оцени дека тој бил добро познат во обвинителските кругови и очекува дека ќе има резултати.

„Има повеќе предмети отворени, повеќе предмети се пред крај и во скоро време јавно ќе ги кажеме. Има и за високи функционери, во тоа обвинителство има оформени предмети, истраги, предистраги и против актуелни функционери,но исто така и против поранешни функционери“ – изјави Јовевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бајден и Трамп ќе се сретнат в среда во Белата куќа

Дејан Дејан

Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран

Дејан Дејан

Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе