Вести Македонија Најважни

Препорака од Финансии до институциите – Новите плати на функционерите треба да се пресметуваат по бруто просечна плата, а не нето

Новите плати на функционерите, по одлуката на Уставниот суд, треба да се пресметуваат според бруто плата, а не според нето плата. Вакво известување, според информации на Телма, испратило Министерството за финансии до институциите кои пресметката за мартовска плата ја правеле по вредноста на просечна нето плата која изнесува 31.859 денари.

Тоа значи дека пресметките на синдикатите за зголемување на функционерските плати во проценти се точни, односно тие ќе се зголемат од 55 до 78 отсто во зависност од коефициентите. Просечната бруто плата за изнесува 47.637 денари, што значи дека претседателот и парламентарниот спикер како носители на највисок коефициент 4,5, односно четири и пол просечни плати ќе земаат нешто над 214.000 денари бруто плата (214.366 денари) или речиси 3.500-тини евра бруто или околу 140.000 денари, односно 2.266 евра нето плата. Претходно нивната плата беше под 1.500-тини евра.

Во Уставниот суд кој ја донесе одлуката да поништи два члена со ограничување на коефициентот за функционерски плати, велат дека укинатите членови биле спротивни на Уставот, а во законот биле предвиден точен коефициент кој се однесува на функционерските плати. Сега, според највисокиот суд, барањето на јавноста за помали функционерски плати треба да се адресира кон пратениците, велат во Уставен од каде посочуваат дека тие не определуваат проценти туку уставност на законски одредби.

Измената е веќе објавена на 23-ти март во Службен весник. За последните осум дена од минатиот месец, пратениците, министрите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани функционери ќе добијат повисоки плати пресметани според бруто просечната плата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе