Баерн Минхен синоќа сензационално испадна од Купот на Германија и тоа во четвртфиналето по поразот од 1-2 од Фрајбург на домашен терен.
„Баварците“ иако поведоа со голот на Дајут Упамекано, гостите израмнија преку Николас Хефлер, а Лукас Холер погоди од пенал во 95 минута за 1-2.
Капитенот Томас Милер за поразот веднаш прстот го впери кон младиот Џамал Мусиала, кој играше со рака во својот шеснаесетник во судиското продолжение.
„Дали е Мусиала виновен? Да, не смееше да оди на топката со рака, посебно не во тој дел од теренот и самиот финиш. Но победуваме и губиме заедно“, рече Милер по натпреварот.
Според информациите во германските медиуми во соблекувалната на Баерн било хаотично, бидејќи фудбалерите биле фрустрирани од поразот, се слушале пцовки и викотници, а особено гласен бил Џошуа Кимих.
https://www.youtube.com/watch?v=UskeyQgR2VI
