Вести Македонија Најважни

Коридорите ќе добијат посебно внимание кај антикорупционерите

Ќе ја извадиме вистината за Коридорите на виделина. Антикорупциската комисија  посебно ќе му се посвети на предметот, за овој историски проект како што го нарекува Владата. Зајакнат тим од советници и членови од Комисијата заедно ќе работат на предметoт,  кој беше отворен поради сомнежите кои излегоа во јавноста за изборот на фирмите за надзор на автопатите.

  • Во фаза сме на собирање на докуменатцијата, дел ја имаме добиено, дел од документите  ги очекуваме. Поради специфичноста ќе го работи тим од советници и членови од Комисијата ќе му дадеме особено значење и внимание, се со цел вистината да ја извадиме на виделина и нашите резултатите ќе ги сооптшиме на јавна седница, вели Биљана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Во меѓувреме и Обивинтелството за оргнизиран криминал, по низата објави на новинарските истражувања за големите пропусти за назорот и консултациите за Коридорите 8 и 10 Д, се реши да отвори предмет по допрен глас. Едната фирма е на бегалец од законот, другата со поранешна забрана за учество во вакви проекти, а третата  пред овој автопат се занимавала со производство на долна облека.

Ги прашавме во Обвинителство:

Што досега направи Обвинителството ?

Колку лица се повикани и што документи се побарани и од колку институции?

Колку обвинители работат на предметот, бидејќи станува збор за сомнежи за корупција во највисоките ешалони на власта?

Дали врз обвинителството и врз обвинителите кои работат на предметот има притисоци од извршната власт или внатреобвинителски притисоци поради големината на предметот и евентуалната инволвираност на претставници на извршната власт?

Дали соработуваат  и со антикорупциска? 

Од таму  одговорија дека во тек е предистражна постапка, и тврдат  дека досега немале притисоци.

  • Предметот е во предистражна постапка и јавен обвинител активно постапува во истиот, издадени се низа наредби за обезбедување на потребната документација врз основа на која јавниот обвинител ќе донесе јавнообвинителска одлука. Јавните обвинители се независни во донесување на своите одлуки и на извршување на својата функција што подразбира дека притисоците се исклучени, но доколку се појават истите треба да бидат веднаш институционално пријавени и санкционирани. ОЈО ГОКК постапува согласно своите надлежности и соработува со сите институции што можат да дадат придонес во расветлување на случајот.

Вчера, со голема церемонија, многу гости и без можност за новинарски прашања се постави камен теленикот за Коридорот 8. Свеченоста помина со официјални говори и благодарници. Фирмата Арберија беше ангажирана за настанот.  Но, од владата веќе трет ден молк,  за тоа колку пари чинеше бината на која доминираше вицепремиерот груби и ДУИ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе