Вести Македонија Најважни

Илија Спасески не се чувствува виновен дека го претепал Пендиков

Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен дека го претепал Пендиков. На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди.

Со сослушување на сведоци и изведување на доkази, во Основниот суд во Охрид почна, судењето за случајот Пендиков. Оштетениот и денеска не се појави во судница, а неговиот адвокат соопшти дека тој не можел да допатува поради здравствени проблеми.

Илија Спасевски од Охрид е обвинет за напад од омраза со тешки повреди за настанот што се слули на 19 јануари во кој охриѓанецот и секретар ан здружението Цар Борис во Охрид, Христијан Пендиков, беше претепан, а според обвинението на тепачката му претходела навреди по национална основа во кафеана, кога наводно Спасевски му рекол на Пендиков „Не ти е срам да се пишуваш Буагрин“.

Одбраната рече дека оштетениот во текот на истрагата неколкупати ги менувал исказите во врска со напаѓачите, а адвокатот на Спасовски, Димитрија Цобоски рече дека ниту видео записот кој се презентираше пред судот не потврдува дека Илија е учесник во настанот и го повредил оштетениот. На 19 јануари, Пендиков беше нападната во угостителски објект во Охрид, при што се здоби со тешки телесни повреди, а бугарските власти му организираа лекување во Софија и го транспортираа со владин авион. Обвинителствот поднесе обвинение против Илија Спасевски, инаку наставник по префесија, а уште едно лице кое учествало во тепачката и трето лице кое гледало и било сведок на настанот, не се достапани и за органите на прогонот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе