Вести Македонија Најважни

Доктор Митрев пречекан со извици и транспаренти од оштетените – Судењето одложено за 12 мај

Група роднини го пречекаа, а потоа и го испратија од судот доктор Жан Митрев кој одговара за измама на пациенти кои се лекувале од ковид-19 во неговата болница.

Роднините пред судот протестираа со слики од починатите и транспаренти со пораки дека бараат правда и одговорност од Митрев дека хемофилтрацијата ги убила нивните најмили и дека биле жртви на експерименти.

И во судницата атмосферата зовре. Протестот пред судот, но и одлагањето на рочиштето беше причина за да се разменат обвинувања за хајки, линч и манипулации. Судење се одложи, затоа што предметот е речиси еден месец во Апелациониот суд, кој треба да се одлучи по жалбата за замрзнувањето на имотот на Митрев.

Обвинителката Искра Хаџивасилева бараше да се закажат повеќе термини, односно разумна динамика за судење. Тоа е во интерес и на правата на оштетените, но и обвинетиот, смета таа.

Адвокатот на Митрев, Никола Додевски ѝ одговори дека врши притисок, а протестот пред судот го доживеале како линч.

„Бараме судењето да се одвива во нормална атмосфера. Нема потреба од итна постапка. Во интерес на правдата, на еднаквоста на оружјето, барам да овозможите на мир да ја подготвуваме одбраната. Денеска бевме пречекани во атмосфера на линч. Јас ова го немам видено. Група луѓе наместени на два метри од судоѕ со пароли, транспарентни , погрдни извици ова е веќе ненормален притисот“, рече Никола Додевски, адвокат на Митрев.

Реагираа адвокатите на оштетените. Велат правото на протест не смее да се смета за линч, ниту да се забранува.

Одбраната на Митрев не даде изјава. Преку соопштение од болницата, обвинуваат дека се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение. Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како сè да е веќе решено, стои во соопштението од клиниката. Обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои, додаваат од таму.

Додевски бараше за два месеца од сега да се закаже наредното рочиште за да има доволно време и Апелација да одлучи, но и тој да направи увид во предметот. Хаџивасилева одговори дека Митрев има и други адвокати кои се од почетокот на истрагата запознати со предметот, судијката Лидија Петровска закажа следен термин за 12-ти мај.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе