Спорт Фудбал

Чеферин со акламација доби нов мандат на чело на УЕФА

Александар Чеферин и во следните четири години ќе биде на чело на Европската фудбалска асоцијација.

Педесет и пет годишниот Словенец беше единствениот кандидат на конгресот на УЕФА што се одржува во Лисабон.

За Чеферин ова ќе биде трет и последен мандат во кој ќе може да ги продолжи двата големи проекти кои ги почна во последниве неколку години.

Станува збор за реформата на финансискиот фер плеј со која ќе се воведат горни граници на платите на играчите, обештетувањата за трансфери и провизијата на менаџерите како и примена на новиот формат во Лигата на шампионите кој ќе стапи на сила од сезоната 2024/2025 со кој ќе зголеми бројот на учесници од 32 на 36 клуба.

Со најавата за измена на системот на натпреварување во шампионската лига се зголеми и приходот од продажбата на телевизиските права кој за периодот од 2024 до 2027 година треба да донесе рекордна сума од 15 милијарди евра.

Тој неодамна најави и можност за ревизија на правилото за делумна сопственост на клубовите со кое им се забранува на инвеститорите да поседуваат повеќе тимови кои учествуваат во едно натпреварување.

Чеферин на чело на УЕФА дојде во 2016 година кога го замени тогаш суспендираниот Мишел Платини.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе