Вести Македонија Најважни

Терапија на реверс, акцелератор во магацин, произволни листи на пациенти за терапирање – ДЗР со низа забелешки за Онкологија

Пропусти при набавка на биолошка терапија, акцелератор кој фаќа прав, монополски тендери, лошо планирање на системот за приклучување на пациенти на терапијата, набавка на лекови на реверс без формирана цена, пречекорување на Буџетот за над 10 милиони евра и ненаплатени долгови од речиси 3,5 милиони евра. Ова се дел од наодите на државните ревизори за работењето на Клиниката за онкологија во 2021 година.

„Вработени во Клиниката за онкологија се распоредени на места кои не постојат во систематизацијата и произволно им се одредени коефициенти и додатоци на плата“, стои во ревизорскиот извештај.

Забелешки има и околу набавката на опрема и материјали, а класичен пример за тоа е акцелераторот кој, според министерството за здравство, е набавен во 2021 година, но никогаш не е поставен во клиниката, се чува во складиште за кое се плаќа кирија. Опремата и материјалите се набавуваат од компании кои имаат монополска позиција, а како пример е наведено дека во 2020 и 2021 година, во четири наврати клиниката за сервис на апаратите за болните потрошила речиси 600.000 евра.

Клучни забелешки има за начинот на набавка на биолшката терапија и начинот на кој се креира листата на пациенти кои ќе ја примаат терапијата. Клиниката купувала биолошка терапија од само еден доставувач и тоа на реверс без одобрени средства од Фондот за здравство. Во моментот на ревизијата Клиника е тужена од повеќе оператори за долг во висина од 885 милиони денари или 14 милиони евра од кои 94 отсто се фактури за набавка на лекови и медицински материјали.

Кога станува збор за процесот на терапирање на пацинетите, ревизорите утврдиле дека нема протокол и дека докторите одлучуваат кој ќе добие биолошка терапија без да се провери залихата на терапијата и дали е доволно за пацинетите кои веќе се ставени на оваа терапија. Овој дел е корегиран во периодот додека се вршела ревизијата, бидејќи на Клиниката е формиран онколошки колегиум кој ги утврдива протоколите и листата на пациенти за биолошка терапија.

Сериозни забелешки има и околу евидентирањето и сметководството, бидејќи ревизорите утврдиле запишани погрешни количини на залихи на лекови и погрешни износи во фактури за лекови во денвната болница.

Минатиот месец медицинска сестра од дневната болница на Клиниката со 10-годишен работен стаж, украде дваесетина ампули од различни видови цитостатици вредни неколку илјади евра, а откако беше фатена преку видео-надзорот се предозира со апчиња и беше хоспитализирана на Клиниката за токсикологија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе