Вести Најважни Свет

Доналд Трамп се изјасни за невин по 34-те точки од обвинението за кривично дело

Не сум виновен, изјави во судот во Менхетен, Доналд Трамп откако му беа прочитани 34-те точки од обвинението против него за кривично дело, меѓу кои и за фалсификување бизнис документи.

Доналд Трамп стана првиот екс американски претседател кој е формално уапсен заради обвинение за извршено кривично дело.

На првото рочиште  тој се изјасни за невин, по обвинението од 34 точки, меѓу кои и за фалсификување бизнис документи. Случајот против Трамп е поврзан со поткупот на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс, со која имал сексуален однос а потоа се обидел да го купи нејзиниот молк со 130 илјади американски долари.

Во судот во Менхетен, тој беше донесен со конвој од полициски возила и припадниците на тајната служба која ги обезбедува поранешните шефови на американската држава.

По околу 57 минути од сослушувањето, Трамп ја напушти судницата, без да даде коментар, игнорирајќи ги прашањата од новинарите.

Се очекува да се врати во својата куќа на Флорида, од каде ќе и се обрати на нацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе