Вести Македонија Најважни

Не е јасно како се заразило со морбили 13- месечното бебе – Комисијата за заразни болести утре ќе заседава

13 – месечно дете од Свети Николе е првиот случај на заразено со вирусот морбили или меѓу народот познати како мали сипаници. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор  Злате Мехмедовиќ и директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова потврдуваат дека анализите од крвта го потврдуваат првиот случај со морбили во земјава. Детето не било вакцинирано со прва доза против овој вирус, објаснува за Телма доктор Мехмедовиќ.

Во добра здравствена состојба е, прво било хоспитализирано на Одделението за детски болести во штипската Клиничка болница, а потоа по појавата на осипот е изолирано на Инфективното одделение. Се уште не јасно на кој начин е заразено.

Лекарите смируваат дека нема место за паника за здравствената состојба на медицинскиот персонал на Детското одделение во Штип, кои биле во контакт со 13 месечното дете. Сите биле вакцинирани со две дози против овој вирус, направени им се  анализи, а на тројца кои немале антитела денеска им е извршена имунизација.

Пред три месеци лекарите од штипскиот Здравствен дом алармираа дека на земјава и се заканува појава на овој вирус. Тогаш предупредија дека до епидемија ќе дојде поради понискиот процент на вакцинирани деца, кој се движи од 60 до 80 % во општините. Пред три години се појавија морбили во Скопје, кога беше прогласена епидемија, овој вирус е високо заразен и се шири преку дишењето. Инфекцијата има инкубација од 14 ден.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе