Спорт Фудбал

Две тренерски смени во Ла Лига

Викендов двајца тренери во Шпанскиот фудбалски шампионат добија отказ. По поразот во малото каталонско дерби од Џирона, Еспањол ја прекина соработката со Диего Мартинез, а по дебаклот од Реал Мадрид, Валјадолид реши да му врачи отказ на тренерот Хозе Рохо Мартин Пачета.

Еспањол по водство на Диего Мартинез има четири порази во низа, а по последниот од Џирона тимот од Барселона се најде во зоната за преселба во понизок ранг и има идентичен број на бодови со Алмериј и Валенсија.

Мартинез на тренерската функција беше именуван во мај минатата година и на чело на екипата беше на 31 натпревар во кои забележа само девет победи во сите конкуренции.

Поразот од 6:0 на гостувањето против Реал Мадрид беше фатално за предводникот на Валјадолид, Хозе Рохо Мартин. Повратникот во Ла Лига до крајот на сезоната ќе води грчевита битка за опстанок во елитата, а во клучната фаза од сезоната тимот под негово водство имаше низа од три натпревари без победа.

Пачета на клупата на Валјадолид седеше на 75 натпревари, а во досегашниот тек од Ла Лига има само осум победи.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе