Спорт Фудбал

Челзи избегна да плати обештетување од 50 милиони

Смената на Грем Потер можеше Челзи да го чини 50 милиони фунти, сума за која може да се ангажира квалитетно засилување за следната сезона.

Имено според клаузулите во договорот со сега веќе сменетиот менаџер клубот од Стемфорд бриџ ќе мораше да му ги плати сите примања до крајот на петгодишниот договор кој го потпиша во септември минатата година.

Според медиумите во Велика Британија, двете страни успеале да постигнат согласност за сумата која Челзи мора да плати и на крајот Потер за предвремениот раскин ќе инкасира 20 милиони фуни.

Потер на чело на екипата беше 31 натпревар во сите конкуренции и забележа 12 победи, осум нерешени резултати и дури 12 порази.

Педантните статистичари пресметаа дека со Потер на чело, Челзи освојувал во просек 1,27 бода по натпревар што е недоволно за екипата која имаше амбиции да се бори за шампионскиот трофеј, а во јануарскиот преоден во засилување инвестираше неверојатни 300 милиони фунти.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе