Кошарка Спорт

НБА со нов колективен договор, зголемен на буџетот за плати

Унијата на кошаркари и челниците на НБА лигата постигнаа согласност околу новиот колективен договор кој ќе важи во следните седум години.

Според него тимовите се охрабруваат да ги зголемат трошоците за плати на играчите и ги надминат буџетите за плати, а се со цел да имаат конкуренти екипи и да се вклучат во трката за највисок пласман.

Како пример за ваков тип на работење се посочуваат Голден Стејт и ЛА Клиперс кои имаат рекордни надминувања на буџетите за плати и се во постојана битка за титулата.

Според новиот договор буџетот за плати ќе биде зголемен за 7,5 проценти, а по измените на некои регулативи тимовите ќе можат да ги зголемат трошоците по оваа ставка за 10%.

Договорена е и измена на критериумите за доделување на наградата за најкорисен играч. За да се влезе во конкуренција кандидатите ќе мора да одиграат најмалку 65 натпревари, а една од целите на оваа измена е фактот дека ќе се намали одлуката на тренерите да одмораат одредени клучни кошаркари во текот на сезоната, а посебно во самата завршница на основниот дел од сезоната.

Се планира и одржување на НБА куп, но неговиот почеток се уште не е одреден иако се верува дека тоа ќе се случи уште од следната сезона.

Идејата е на турнирот да партиципираат осум екипи кои обезбедиле настап во разигрувањето и натпреварите нема да се играат по класичен плеј оф систем туку ќе се одигра по еден елиминациски меч, а победниците ќе добијат големи парични награди.

Договорена е и измена за одредување на идеалните тимови на крајот од сезоната. Во иднина редоследот нема да се одредува според позицијата на која игра кошаркарот туку ќе се избираат најдобрите петмина.

Официјалното потпишување на новиот колективен договор се очекува да се случи до крајот на сезоната и тој да почне да се применува од почетокот на новото првенство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе