Спорт Фудбал

Лестер и Роџерс се разделија по четири години: Битката за опстанок ќе ја води друг менаџер

Брендан Роџерс повеќе не е менаџеро на Лестер сити откако спогодбено го раскина договорот со премиерлигашот по серијата лоши резултати. „Лисиците“ наскоро ќе го објават името на новиот кормилар, кој ќе го води тимот во борбата за опстанок на последните 10 натпревари од сезоната.

Лестер вчера загуби од Кристал Палас со 2-1 во Премиерлигата, што за тимот беше петти пораз на последните шест натпревари. Тоа значеше пад во зоната за испаѓање во Премиерлигата. Челниците на клубот решија дека е време за промена на клупата и спогодбено го раскинаа договорот со Роџерс, кој го водеше тимот четири сезони. Негов најголем успех беше освојувањето на ФА Купот во 2021 година, а го водеше клубот на вкупно 204 натпревари од кои оствари 92 победи. Роџерс е вкупно 12-тата менаџерска смена сезонава во Премиерлигата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе