Спорт Фудбал

Челси во потрага по трет менаџер оваа сезона

Втора менаџерска промена денеска во Премиерлигата. Откако Лестер се раздели со Брендан Роџерс, вечерва Челси му врачи отказ на Греем Потер, кој издржа на „Стемфорд Бриџ“ само седум месеци.

Челси сезоната ја почна со Томас Тухел, но Германецот беше отпуштен уште во септември по лошиот старт на сезоната. Резултатите не се променија ниту со доаѓањето на Греем Потер. „Сините“ се моментално на 11.место на табелата во Премиерлигата иако во зимскиот преоден рок потрошија преку 300 милиони фунти на нови засилувања. Вчера Челси на домашен терен загуби од Астон Вила со 0-2, што воедно е и последен натпревар на Потер на клупата. Го водеше тимот на вкупно 31 натпревар, а имаше само 31 отсто победи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе