Спорт Фудбал

Тотенхем не го продава Кејн и не планира да ја засили конкуренцијата

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви изјави дека нема намера да го продава Хари Кејн потенцирајќи дека не сака да ја повтори истата грешка како во случајот со Кајл Вокер кој пред шест години се пресели во Манчестер Сити.

Капитенот и најефикасниот фудбалер во клупската историја по завршувањето на сезоната ќе влезе во последната година од договорот со Тотенхем и тоа беше сигнал неколку клуба да се обидат да го доведат во своите редови, а прв на листата кој е најзаинтересиран за комплетирање на трансферот е Манчестер Јунајтед.

Тотенхем веќе неколку месеци наназад преговара со Кејн околу продолжувањето на соработката и се обидува да го задржи напаѓачот на подолг рок.

Преговарачката позиција на Тотенхем може да биде ослабена доколку екипата не успее да се пласира во Лигата на шампионите, но доколку се случи Кејн дефинитивно да си замине тогаш клубот од Лондон ќе стори се тој да не се пресели во некој од ривалите во домашното првенство.

Во таква ситуација во најдобра позиција е Баерн бидејќи медиумите во Германија шпекулираат дека во текот на летото еден од приоритетите на новиот тренер Томас Тухел ќе биде комплетирање на трансферот на Кејн.

Тотенхем е подготвен да преговара за предвремен на раскин на соработката доколку неговиот иден клуб плати обештетување од 100 милиони фунти.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе