Спорт Фудбал

Премиерлигашите платиле 318 милиони за провизии

Според извештајот на Фудбалската асоцијација клубовите членови на Премиер лигата во периодот од 1 февруари 2022 до 31 јануари 2023 година на менаџерите на фудбалерите им исплатиле провизии во висина од 318,2 милиони фунти.

Најголема сума исплатил Манчестер Сити и тоа 51,56 милиони, а најголем процент отпаѓа на провизијата за трансферот на Ерлинг Халанд.

Челзи во овој период ангажирал дури 15 фудбалери, а за услугите на менаџерите исплатил 43,16 милиони фунти додека трет со сума од 33,69 милиони е Ливерпул.

Меѓу првите пет со исплатени најголеми суми се уште Манчестер Јунајтед со 24,7 милиони и Арсенал со 16,7.

Од сите членови во Премиер лигата најмала сума има исплатено Нотингем Форест иако во овој период има реализирано најголем број на трансфери, а клубот тоа го чинело 4,3 милиони фунти.

Според правилата на ФИФА секоја национална асоцијација од 2015 година мора јавно да ги објави сумите кои им се исплаќаат на менаџерите на фудбалерите, а во првата година од примената клубовите во Англија исплатиле сума од 47 милиони фунти.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе