Кошарка Спорт

Пелистер домаќин на дербито против Феникс

Денеска се играат четири натпревари од 20-тото коло во домашниот кошаркарски шампионат.

ТФТ на домашен терен ја пречекува последнопласираната Струмица и е фаворит за освојување на нови бодови, но и за продолжување на победничката серија во битката за освојување на третото место на табелата. Дуелот со игра во салата на СРЦ Кале и почнува во 13 часот.

За 17 часот во истата сала закажан е почетокот на мечот меѓу Работнички и Чаир. Домаќинот исто така се надева на победа со која останува во трката за освојување на петтото место, а воедно посакува и да стигне до четвртиот триумф во низа.

Дуелот меѓу Гостивар и Еуро Никел почнува во 19 и 30, а час подоцна во Битола во дербито на оваа рунда Пелистер го пречекува Феникс.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе