Спорт Фудбал

Премиер лигата ја одби понудата на Нетфликс

Според пишувањето на весникот Тајмс, раководството на Премиер лигата ја одбило понудата да сними документарна серија во која би се објавиле приказни од функционирањето на одредени клубови кои се непознати за љубителите на фудбалот.

Имено компанијата Нетфликс за снимање на серијалот кој ќе прикажат детали снимени зад големата сцена бил подготвен да плати сума од пет милиони фунти.

Основна причина за одбивањето на понудата е висината на понудената сума за која во Премиер лигата сметаат дека нема да предизвика интерес кај клубовите.

Дополнително одлуката се образлага со фактот дека дел од компаниите кои ги откупиле правата за емитување на телевизиските преноси веќе подолг период бараат дозвола за снимање на тренинзите што е нешто слично на барањето на Нетфликс. Патем телевизиите плаќаат далеку поголеми суми од онаа кој Нетфликс е расположен да ја плати.

Идејата на Нетфликс била да се направи сличен серијал како оној за формула 1, кој има огромен успех, а биле предвидени три сезони во кои ќе се опфатат шест до осум клуба.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе