Спорт Фудбал

Мбапе летово ќе се пресели во Реал Мадрид

Претстојниот летен преоден рок може да биде еден од најинтересните во поновата историја.

Голем број на големи ѕвезди ќе имаат статус на слободен играч, но има и фудбалери кои важат за најскапи на пазарот, а ќе побараат од своите клубови да ја сменат средината.

Еден од нив ќе биде Килијан Мбапе, кој очигледно е незадоволен од развојот на Пари Сен Жермен и ќе бара предвремен раскин на договорот.

Според весникот АС, капитенот на француската репрезентација од следната сезона сака да го носи дресот на Реал Мадрид и конечно во својата кариера да дојде до некој од големите трофеи во европскиот и светски фудбал.

Неговиот договор со Пари Сен Жермен важи до 2025 година, а откупната клаузула е 180 милиони евра. Мал е бројот на клубовите кои се подготвени да ја платат оваа сума, но се чини дека Кралскиот клуб веќе ја гради финансиската конструкција за комплетирање на најскапиот трансфер во фудбалската историја.

Мбапе е најдобро платениот фудбалер на светот, а колку сака да ја смени средината и да се пресели во Мадрид говори и фактот дека тој е подготвен и да прима далеку помала плата од сегашните шест милиони евра месечно.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе