Вести Македонија

Судски совет не го избра за врховен судија, Енвер Беџети кој го „криеше“ предметот Тврдина –Таргет за нелегалното прислушување, но сепак му даде 4 гласа

Судијата во Апелациониот суд Енвер Беџети беше еден од кандидатите за кривичниот оддел на Врховниот суд на денешната седница на Судскиот Совет. Беџети стана познат на пошироката јавност како судија-известител во Апелација во Скопје кој според анализите на Судскиот совет го криел со месеци предметот „Тврдина Таргет“ каде Мијалков, Груевски, како и други поранешни вработени во УБК се обвинети за масовно прекршување на човековите права со нелегално прислушување.

Апелациониот суд по 9 месеци одлучување ја укина пресудата и предметот за нелегално следење на комуникации на над 20 илјади граѓани, политичари, опозиционери, активисти, новинари и бизнисмени го врати на повторно судење, со што предметот опасно се приближи до застарување за обвинетите во „Тврдина таргет“. По откритието за одолговлекување на судската постапка во Апелација, Судскиот совет најави постапка за утврдување на евентуална одговорност за пропустите.

Истовремено судијата Енвер Беџети се пријави за отворена позиција на врховен судија во Судскиот совет чија комисија му утврди пропусти. На крај 4-ца членови на Судскиот Совет му подариле доверба на денешната седница и гласале за негов и збор на повисока позиција и покрај утврдените пропусти при неговото постапување со Тврдина таргет.

Не само Беџети, туку од 5 кандидати за врховни судии во Кривичниот оддел не беше избран ниту еден, а најголем дел имаа ист број на гласови како и самиот Беџети, односно 4 за, 8-против. Од членовите на Судски совет нема објаснување зошто на 4 од 5 гласање сите размислувале исто и гласале на ист начин без разлика на биографиите на кандидираните судии.

Судскиот Совет ги пополни само двете огласени места во Врховен за судии за граѓанска област. Со по 10 гласа „ЗА“ и 2 „против“, за во највисокиот суд беа избрани судијките од скопска Апелација Анита Бошковска и Катерина Георѓиевска.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Тренчевска: Сите кои зеле социјална помош, а имале приходи, парите ќе ги вратат назад

Дејан Дејан

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе