Спорт Фудбал

ECA даде зелено светло за Светскиот клупски шампионат

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и претседателот на асоцијацијата на европските клубови, Насер ал Келаифи денеска потпишаа меморандум за стратешка соработка.

Меморандумот кој е потпишан во Будимпешта ќе важи до 31 декември 2030 година, а примарна цел е заштита на клупскиот и репрезентативниот фудбал.

ECA и ФИФА се договорија во иднина календарот на репрезентативните активности да се прилагоди со клупските натпреварувања, а се со цел да нема поголеми оптоварувања за играчите, но и да не се занемарат клупските активности.

Асоцијацијата потврди дека ја поддржува идејата за одржување на Светското клупско првенство кое треба да почне од 2025 година како и натпревар во кој ќе се сретнат победникот во Лигата на шампионите и првакот на интерконтиненталните натпреварувања.

ФИФА најави дека во иднина ќе го зголеми и буџетот за компензација на клубовите кои имаат свои играчи на Светските шампионати и во периодот од 2026 до 2030 наместо досегашните 209 милиони ќе се исплаќаат 355 милиони долари.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе