Спорт Фудбал

Челзи со негативно салдо од 121,3 милиони фунти

Според последниот финансиски извештај за сезоната 2021/23, Челзи бележи загуба од 121,3 милиони фунти.

Во образложението основна причина за негативно салдо се вонредните трошоци и намалените приходи кои се резултат на изречените санкции кон претходниот сопственик Роман Абрамович.

Како што е познато во еден момент клубот од Стемфорд бриџ како дел од санкциите немаше право да продава влезници што влијаеше на вкупниот приход кој за минатата сезона изнесува 481,3 милиони фунти што за скоро 50 милиони повеќе во однос на претходната сезона.

Челзи бележи и зголемени комерцијални приходи кои за минатата сезона изнесуваа 177,1 милиони фунти.

Во клубот потенцираат дека и покрај сите проблеми и предизвици сезоната успешно е завршена и дека успеал да ги исполни сите услови од финансискиот фер плеј.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

РФМ: Благодарност до цела македонска ракометна јавност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе