Кошарка Спорт

Јокиќ подобар од Адетокумпо во дуелот на двете водечки екипи во НБА (ВИДЕО)

Во дуелот на лидерите на Западната и Источната конференција, Денвер го совлада Милвоки со 129-106. Никола Јокиќ со 31 поен и 11 асистенции ги предводеше Нагетс, додека Џамал Мареј имаше 26 поени. Кај Бакс, Јанис Адетокумпо запиша 31, од кои во второто полувреме постигна само седум.

Второто дерби на вечерта, беше помеѓу Феникс и Филаделфија, а домаќините славеа со 125-105. Девин Букер со 29 поени ги предводеше Санс, кои ја прекинаа серијата од три порази по ред. Во редовите на Сиксерс, Тајрис Макси имаше 37 поени, а Жоел Ембид постигна 28 поени со 10 скока.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Атланта – Индијана 143-130
Мајами – Бруклин 100-129
Сакраменто – Јута 121-113
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 110-131

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе