Спорт Фудбал

Ериксон: Македонија е одличен тим, голема почит за прикажаното во квалификациите за СП

Контролниот дуел против Фарските острови е следен предизвик за репрезентацијата на Македонија. Гостинскиот селектор Хакан Ериксон истакна Македонија е вистинскиот противник за неговиот тим во пресрет на продолжението на квалификациите за континенталното првенство.

“Утрешниот натпревар е одлична шанса да се обидеме да подобриме некои работи во нашата игра. Сигурно дека ќе има измени во однос на последниот натпревар со Молдавија. Многу од играчите се преморени од тој дуел бидејќи домашното првенство само што почна. За мене е добро што ќе можат да користам повеќе фудбалери и да ги проверам нивните можности во пресрет на следните натпревари”, рече селекторот на гостите Хакан Ериксон.

Предводникот на Фарските Острови имаше само пофални зборови за репрезентацијата на Македонија и потенцираше дека е слична на некои противници во квалификациите за Европското првенство.

“Македонија е силен тим, тука некаде е според квалитетот на Полска и Чешка, ќе пробам некои опции за време на натпреварот за да имам појасна слика за тоа што не очекува во следниов период. Се надевам дека и мојот колега Милевски ќе го направи истото бидејќи и Македонија ја очекуваат нови предизвици во квалификациите. Имам полн респект кон Македонија за она што го направи во квалификациите за Светското првенство, но и за прикажаното во Лигата на нации каде резултатите не беа приближни на прикажаните игри”, заврши селекторот на Фарските острови.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе