Вести Македонија Топ вести

Полицаец кој не бил на смена пукал во воздух за да се спаси од напаѓачи

Повеќе напаѓачи со две возила препречиле пат на тројца скопјани (меѓу кои полицаец кој не бил на смена) и физички ги нападнале. Инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ утрово на улица Карпош во Скопје во близина на клучката за Радишани.

Напаѓачите го блокирале возилото во кое бил полицаецот и физички ги нападнале тројцата.

Полицаецот како предупредување извадил пиштол и испукал во воздух неколку куршуми по што поголемиот дел од напаѓачите избегале.

Двајца од напаѓачите се уапсени веднаш по инцидентот. На нападнатите им е пружена лекарска помош во Ургентниот центар на скопските клиники.

МВР издаде соопштение за инцидентот за кој се уште не се откриени мотивите:

На 12.03.2023 од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица на 12.03.2023 околу 01 часот на ул. Х.Т. Карпош во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г.. Според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале. Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство. На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Бубевски: Убијците добро си ја знаат работата, но кога-тогаш ќе направат грешка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Тенкиот паричник каска зад високите велигденски цени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе