Вести Македонија

Паметните уреди го попречуваат развојот на децата

Прекумерната изложеност на екрани и понатаму е главна причина за алармантно зголемување на бројката на деца со говорни потешкотии.

Тоа е евидентно само во еден од повеќето тетовски центри за едукација, рехабилитација и стимулирање на развој и говор.
Родителите најчесто бараат помош поради говорни потешкотии кај децата, но стручните лица велат дека проблемот често е многу подлабок.

Говорот е само врвот на развојната пирамида, а под него стојат бројни други сегменти кои не се развиле доволно, како сензорната интеграција, моториката, вниманието, когнитивните способности, комуникацијата и социјалните вештини.

Ако пред 13 години имавме еден до двајца родители коишто имаат побарување на нашите услуги на неделно ниво, сега еден до двајца родители се јавуваат на дневно ниво– вели дефектологот Илинка Димчевска Петровска .
Како последица од таа екранска зависност, значи се јавуваат потешкотии со меморијата кај децата, потешкотии со грубата моторика, потешкотии со фината моторика, се јавуваат потешкотиите со внимание и фокус, но најчесто исто така може да се појават и сензорни потешкотии кај децата. Се појавува, депресија, анксиозност, раздразливост.

Мора да има поголема свесност дека децата ги следат возрасните и родителите, колку време поминуваат на екран од мобилен телефон или компјутер.

Прво родителот треба да направи пост од екрани значи, а потоа да воспостави граници и кај своето дете за употреба на екраните. Ние најчесто советуваме до трета или четвртата година од животот на детето воопшто да не се употребуваат екрани“ – изјави Димчевска Петровска.

Обидот на родителите да ги тргнат децата од екраните, резултира со постојано зголемување на  интересот за упис во градинки.

Има и родители што веќе сакаат од овие електронските уреди да ги тргнат децата, бидејќи во градинката, доаѓаат, играат, нема веќе ни телевизори не ги употребуваме, имаме само активности– вели Фатлинда Јаја од градинките Младост од Тетово.

Според стручните лица, единственото корисно време поминато пред екран би требало да биде ограничено на десетина минути дневно и да биде насочено кон едукативни содржини.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Бизнис Објектив – Развојот на земјоделството како предуслов за развој на прехранбената индустрија

Igor Trajkov

Риби предатори во Преспа – сончарка  го нарушува природниот баланс

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе