Вести Економија Македонија Најважни

Над 250 милиони евра должи ЕСМ на домашни и странски банки

Над 250 милион евра долг кон домашни и странски банки. Ова е финансискиот товар кој го има најголемиот производител со струја ЕСМ, по основ на долгорочни кредити, покажуваат податоците во годишен извештај на компанијата за минатата година. Растат и трошоците кон добавувачите.

Последните заеми на компанијата изнесуваа  околу 170 милиони евра –  пари кои беа земени од домашните банки во последните година и половина. Сумата се обезбеди за тековно работење на компанијата.

Пораснале и трошоците кон домашните и странските добавувачи. Па, така според извештајот изнесуваат околу 80 милиони евра. Објаснувањето за растот на овие трошоци е дека се зголемиле обврските за набавка на струја, мазут и јаглен.

Но, може да се види и дека побарувањата на ЕСМ од своите купувачи изнесуваат  близу оваа сума.

Компанијата успеала лани да намали дел од трошоците. Меѓу нив се оние за адвокатски и нотарски услуги, за казнени пенали и штети, за провизии. Намалување има и кај јубилејните награди и отпремнини за одење во пензија, трошоците за репрезентација.

Зголемени се трошоците за надоместоци и други примања на членови на Управен одбор. Но, од компанијата појаснуваат дека тоа било  заради исплата на апанажа на членовите од поранешните управни одбори.

Пораснале и трошоците за привремени вработувања од агенции и за тоа над 4 милиони евра. Ангажирани биле луѓе за РЕК Битола, Осломеј, во хидроцентралите, во ТЕЦ Неготино која се чува како ладна резерва и не работи. Но и за во Дирекција на ЕСМ.

Најголемите инвестиции минатата година компанијата ги направила во топловодната мрежа во Битола и во дистрибутивната мрежа на ЕСМ.

Но, она што загрижува е тоа што минатата година ЕСМ произвеле најмалку струја во последната деценија. Потрошиле и околу 100 милиони евра за да ја набават потребната електрична енергија. Иако, новото раководство стартуваше со амбициозен план да произведе нешто над 5.000 гигават часови нешто што не се случило многу одамна, капацитетите на ЕСМ испорачаа  нешто над 3.000 гигават часови.

Во производството се зголемил и дотурот на мазут, а пораснала и сумата за овој енергенс кој се користи како алтернативно гориво. Па, така лани биле согорени над 30 милиони евра за набавка на мазутот, за потребите и на ТЕЦ Осломеј и на РЕК Битола.

ЕСМ долго време бие битка со финансиитр. Првиот квартал годинава има позитивно поместување на работите, но останува да се види како ќе ја завршат 2026 тата,  со оглед на тоа што пред компанијата има уште многу предвизвици.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Ќе има ли нов скок на инфлацијата – статистика утре треба да ги соопшти податоците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе