Вести Економија Топ вести

Ќе има ли нов скок на инфлацијата – статистика утре треба да ги соопшти податоците

Ќе има ли нов скок на инфлацијата. Утре статистика треба да го објави податокот за месец мај. Последно статистичарите измерија инфлација од 5, 7  отсто во април во однос на април лани. Зголемување беше забележно кај речиси сите производи.  Само кај храната и кај безалкохолните пијалаци за една година има скок на цените од 8 отсто.

И НБРМ но и Владата ја промени прогнозата за инфлацијата и за растот. Па, така се очекува 2026 да се заврши со повисока инфлација и помал економски раст во однос на она што беше првично проектирано.

За сега освен за горивата ,не се применуваат други мерки за прехранбените производи. Неколку пати одговорите на надлежните на оваа тема беа дека ќе се чека анализата на пазарна која покажа минмално зголемување на цените а негде дури и намалување. Потоа се соопшти дека се чека податокот за инфлацијата.

Премиерот во неколку наврати кажа дека се разгледуваат и други мерки , без да открие какви. Министерот за економија и труд  пак соопшти дека ако има потреба во игра е намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.

Од ССМ  во неколку наврати предупредија дека се доцни со мерки кои се неопходни во вакви ситуации. Експертите апелираа да се внимава зошто нема многу простор во буџетот за делување.  Премиерот пак смета дека државната каса е во одлична кондиција.

Останува да се види,  какви вести статистичарите ќе донесат утре по што ќе се знае дали и со какви одлуки би се интервенирало.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцнат субвенциите за тутунот

Igor Trajkov

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе