Вести Економија Свет

ЕУ смирува: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво

Засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина, изјави комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас.

Тој вели дека ниту во блиска  иднина не се очекува да се случи да има проблем со снабдување на млазно гориво.

Засега најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува од наглиот раст на цените на горивото.

Поради тоа, дел од авиокомпаниите веќе почнуваат да откажуваат линии што не се економски исплатливи.

Комесарот посочи дека патниците можеби нема да се соочат со покачени цени на авиобилетите до крајот на оваа или почетокот на следната година, но дека ситуацијата е различна од компанија до компанија.

Тој предупреди дека ситуацијата би можела да стане „многу тешка“ до крајот на годината, доколку продолжи прекинот на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе