Вести Македонија Топ вести

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Ако не се способни да ја придвижите државата напред – тргнете се. Со оваа порака до власта, лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, го отвори 32-иот конгрес на партијата за усвојување на нова идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, со која, како што најави Филипче, социјалдемократите ќе понудат решение за проблемите со кои се соочува државата, но и секојдневно ќе вршат притисок на владата.

Платформата се фокусира на три сегменти, економски и институционален развој, мобилизација на прогресивната јавност во државата и евроинтеграциите.

„Јасен државен план за отворање на кластерите и поглавјата во преговорите, со точни рокови, политичка одговорност и целосен јавен отчет. Доста беа збунувачки изјви и маркетинг фотографии, народот има права што е планот, кој е следниот чекор и кој ќе одговара ако Македонија повторно остане во чекалната“, изјави Филипче.

Во делот на евроинтеграциите во документот се наведува дека македонскиот идентите мора да престане да биде тема на разговор и да стане платформа за напредок, а како еден од начините тоа да се направи е ставање црвена линија за јазикот, но и со годишно издвојување на 150 милиони денари за наука.

„Целосна институционална заштита во меѓународни рамки и лансирање на глобална дигитална макеоднска архива. Годишни инвестиции во капитални истражувања кои го зацврстуваат македонскиот историски континуитет“, се наведува во плаформата.

Во платформата посебен дел е посветен на борбата против корупцијата, при што како решенија се нуди формирање на оперативен фронт со европското обвинителство, односно создавање на директна линија за заштита на фондовите и ресурсите. Се предвидува и итно исполнување на реформската агенда и предвремено затворање на кластерот Основи.

„Автоматско вкрстување на податоците за имотот на функционерите во реално време, со фокус на детекција на скриено богатство и спречување на пазарни деформации“, стои во платформата.

Платформата ги разработува и даноците, при што предвидува намалување на данокот на добивка за газдите кои на вработените им исплаќаат плати над просек, воведување на данок кој ќе ги таргетира богатите, додека во делот на економијата се предвидува државна поддршка за компаниите со извозен потенцијал и технолошки развој.

Во делот на социјалата – намалување на даноците кон државата за фирмите кои ги качуваат платите, но и зголемување на пензиите за 50 проценти во еден мандат, е тоа што го најавуваат социјалдемократите во новата платформа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Риби предатори во Преспа – сончарка  го нарушува природниот баланс

Igor Trajkov

Паметните уреди го попречуваат развојот на децата

Igor Trajkov

Доцнат субвенциите за тутунот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе