Вести Култура Македонија

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Театарот „ Војдан Чернодрински“ од Прилеп со постановката на „ Црнила“ од Коле Чашуле , во режија на Дејан Пројковски, прикажа современ,но радикален приказ на драмата, која за тема го има атентатот на Ѓорче Петров, доловувајќи го фракционерството меѓу македонските револуционери, а следствено на тоа и братоубиствата. Претставата се игра во камерен формат.

„Она на кое инсистираше Дејан единствено, пред да се впуштиме во авантурата, беше делот на до каде се црнилата денес . И точно да видиме , дали можеме со денешни очи убаво да ги видиме  црнилата што се случувале тогаш“ – изјави актерот Александар Степанулески.

Степанулески го толкува Луков ,кој го режира убиството на Ѓорче Петров од лични причини. Тој го опишува како карактерно валкан човек.

„Што е пандан на темата „ Македонецот му е Македонец на Македонецот“. И после тоа сѐ е јасно. Така? Од таму тргнал и Чашуле , од таму тргнавме и ние во градењето на Луков. Идеалот е една друга приказна, чистотата на револуционерното дело е втора приказна“ -додава Луков.

По три години пауза на фестивалот „ Војдан Чернодрински“ , дојде и блесна Театарот „Трајков Прокопиев“ од Куманово. Нивната камерна изведба на драмското дело „Калигула“ од францускиот  нобеловец Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески , покажа еден колку поетичен, толку и суров е римскиот император , кој на апсурден начин трага по среќата.

„Нашиот „ Калигула“ е современ „Калигула“. Иако ние не ја модернизираме нашата приказна, режисерски создаваме еден наш свет, буквално. И секогаш е предизвик да се создава театарски свет“ – подвлече режисерот Ѓорѓи Ризески.

Марко Трајковиќ ликот го игра енергично, но со мерка и слоевито , согласно душевните состојби на Калигула.

„На прва топка ми дојде да правам сѐ што јас не сум приватно. Јас приватно живеам по правила, имам инхибиции , морални вредности и т.н. Нашиот „ Калигула“, т.е. мојот Калигула нема“ – вели актерот Марко Трајковиќ.

А во киното „ Мис Стон“ при ЦК , во рамките на фестивалот , започна програмата „ Драмолетање 2.0“. Целта е презентација на текстови од наши млади драмски автори и нивно поврзување со режисери и директори на театари, за да текстовите заживеат на некоја од нашите театарски сцени. Годинава беа избрани и се презентирани три текста од авторите Катерина Момева, Габриела Стојаноска- Станоеска и од Мартин Миљев.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Бизнис Објектив – Развојот на земјоделството како предуслов за развој на прехранбената индустрија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе