Вести Македонија Топ вести

Бубевски: Убијците добро си ја знаат работата, но кога-тогаш ќе направат грешка

Убијци влегоа во кафуле во Старата скопска чаршија, до смрт изрешетаа двајца и повредија уште седуммина и успеаа да избегаат. Два дена по убиствата, нема никаков резултат за сторителите, иако сите тврдат дека работат на случајот.

Неофицијално, се работи за борба за превласт врз пазарот со наркотици во скопско. Историјатот на ривалските групи од Грчец и од Ченто е полн со убиства и запалени возила. Завчера убиениот Јетон Кривањева беше мета и на пукањето во хотелот „Александар Палас“ пред четири години.

Камер Идризи, кој тогаш бил со него, е убиен пред две години, од возило во движење во Бутел. Една година подоцна, во Чаир е убиен и неговиот брат. Во сличен напад, во 2013 година, беше убиен и Џелал Ајети-Џељо, влијателен во скопското подземје, во неговата чајџилница „Кај Џељо“, во скопско Ченто. Во слични напади се убиени и неговите двајца браќа.

Сè уште не се најдени ниту строителите на двојното убиство во Чаир, пред две години кога беа убиени две лица на воздраст од 28, односно 24 години, а не се знае ниту кој пукаше во џип во Карпош. Но, јавниот обвинител тврди дека, кога-тогаш убиствата ќе се решат.

Сепак, за овие престрелки, во кои се вмешани главни ликови од криминалното подземје и мафијашки кланови со години нема разрешница.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе