Вести Македонија

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Во очекување на резултатите по спроведените контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство на месните, трајните и полутрајните сувомеснати производи јавноста во неизвесност дали храната е безбедна, но и доколку е безбедна дали навистина го има квалитетот кој стои на декларациите.

Според првичните наводи на АХВ загрижувачка е состојбата со сувомеснатите производи.

За производителите на месо ваквите контроли се подеднакво важни и тие ја поздравија иницијативата која ја предводи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со АХВ и Државниот инспекторат за земјоделство.

„Потполно ја поздравуваме оваа иницијатива и се надеваме дека зачестените контроли ќе продолжат уште посилно во следниот период, поточно летниот каде што храната е многу подложна на расипување одредени типови на храна. Како производител на месо во моментов најмногу ме загрижува фактот какво месо за преработка влегува во нашата држава, значи таму АХВ треба да се посвети и ќе ги чекаме резултатите од тоа што го имаат направено за сувомеснатите производи, каде има пропуст“ – вели д-р Бојан Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“

За нас мониторингот на производство на месо е исклучително важен и истиот треба да се води според највисоки критериуми и строга контрола, вели Ѓорѓиевски.

„Значи пред да излезат свињите од фармата се прегледани од ветеринарен доктор којшто е матичен на стадото. Во делот на пристигнувањето на свињите во кланицата исто така се прегледани пред да бидат заколени, се земаат мостри исто така во кланиците. Да се види дали свињите се третирани со антибиотици, хормони, анаболитици итн“ – додава Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски Македонија има потенцијал за домашно и квалитетно производство, додека во увозот на месо мора да се засилат контролните мерки. Во моментов сме една од ретките земји во Европа каде што 100% го задоволуваме пазарот за свежо месо, вели Ѓорѓиевски и тоа е нешто што би требало да има континуитет.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Бизнис Објектив – Развојот на земјоделството како предуслов за развој на прехранбената индустрија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе