Вести Емисии Код Македонија

КОД: Шпионска афера на Водно или кавга во Кабинетот, протерувања на српски и бугарски државјани, заштита на државните тајни

КОД за “шпионската афера” во кабинетот на Претседателката Силјановска, но и за навлегувањето на странски служби, криминалци и провокатори кои поради одредени активности се протерани од земјата. Потсетуваме и на стари случаи во кои странски служби имале разузнавачки активности.

1.Кавга во Кабинетот, кавга меѓу МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција или реална шпиунска афера? Ова прашање  се ште не е разрешено барем за јавноста откако извесен „Бошко Буха“ до медиумите испрати е-мејл кој беше потпишан од група вработени од МВР, но анонимни, за тоа дека околу 6 месеци се води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, но МВР не им дава податоци.  А во аферата е осомничен пензиониран армиски специјалец, припадник на едницата Волци, кој е компјутерскиот техничар во претседателскиот кабинет, а работел и за кабинетите на два претходни претседатели Иванов и Пендаровски. И додека претседателката смета дека нема основ за шпионажа, а премиерот Мицкоски порача да се заборават “шпионските глодари“  нема одговор дали осомничениот шпиунирал за НАТО земја или за трета страна. КОД во потрага по вистината.

2.Нема официјален податок колку лица се протерани од државата за една година заради разузнавање како дел од странски служби или поради одредени криминални активности. Во потрага по податоци КОД обелоденува неколку случаи каде се протерани државјани на Србија и Бугарија, но и случаи во кои се замешани и српските криминални кланови кои регрутираат подмладок за своите банди а го наоѓаат овде во Македонија. Не се сите мотиви политички но се однесуваат на загрозување на безбедноста на нашата држава .

3.Прекршувањето на класифицирани информации опфаќа неовластено откривање, користење, менување или уништување на податоци од државен, воен или јавен интерес. Во Република Северна Македонија, оваа област е законски регулирана и се третира како тешко прекршување на безбедноста кое повлекува кривична одговорност- ова е дел од Законот за клоасифицирани информации, а Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна да го спроведе Законот додека МВР, АНБ, и Обвинителството се надлежни да ги гонат оние кои го кршат. Професорот на факултетот за безбедност Злате Димовски во низата предмети ги има и Криминалистичко разузнавање и Безбедност и заштита на информации Со него разговараме за сите овие безбедносни закани и како Македонија да ги заштити своите „државни тајни“ и да ја заштити својата порозност во тоа поле.

Премиерата на емисијата беше на 31.05.2026. на ТВ Телма.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе