По писмото на Мерц за забрзување на проширувањето со фокус на Украина, од Берлин и Париз, ден пред самитот ЕУ – Западен Балкан, стигна и нон-пејпер со стратегија за создавање “блокови” за поефикасно фазно пристапување на земјите од регионот во ЕУ.
Ќе биде ли самитот пресвртница за прошурувањето со прифаќање на двата документи?
Дава ли планот можност Македонија да го премости застојот во преговорите и без спроведени уставни измени?
Во Топ Тема дебата со Драган Тилев, надворешен советник за европски прашања на претседателката на државата и Андреја Стојковски, извршен директор на Преспа институт.
Топ Тема со Тамара Грнчароска на Телма
