Вести ДИРЕКТНО Македонија Топ вести

Еленовски: Од независноста до денес, државните институции не напредуваат туку само слабеат

Mакедонија и по две години од формирањето на новата Влада останува заглавена во истиот круг на неисполнети ветувања, слаби реформи и нефункционални институции, oсобено во јавната администрација оцени поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски во емисијата „Директно“.

Според него раѓаните очекувале новата власт да донесе стабилност и конкретни резултати, особено во делот на реформите и евроинтеграциите, но според него, состојбата суштински не е променета.

„Седум години од претходната власт слушавме големи ветувања за европскиот пат, но тие избледнеа поради нереални очекувања и недостаток на резултати. Граѓаните очекуваа по изборите да се формира стабилна влада што ќе испорача реформи, но две години подоцна повторно ја гледаме истата приказна“, изјави Еленовски.

Тој оцени дека главниот проблем е слабата функционалност на институциите и недостигот на квалитетен кадровски капацитет во извршната власт.

„Министрите треба да бидат менаџери кои ќе испорачуваат резултати, а денес не гледаме производ, туку нефункционални институции и континуирана деградација на системот. Од независноста до денес институциите не напредуваат туку само слабеат“, рече Еленовски.

Еленовски се осврна и на состојбата во јавната администрација, посочувајќи дека политичките елити со години ја користат администрацијата за партиски интереси наместо за ефикасно функционирање на државата. Ако претходно во поранешната СФРЈ, државата имала околу 50 илјади вработени во јавниот сектор, денес има 150 илјади, а функционалноста воопшто и да не може да се спореди.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

МВР поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“ за прободениот малолетник во Ченто

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе