Микаела Шифрин го изедначи рекордот на Ингемарк Стенмарк од 86 победи во Светскиот Куп во алпско скијање откако денеска триумфираше на велеслаломот во шведски Оре.
Американската скијачка денеска славеше со вкупно време од 1:54,64 минути во двете трки и ги победи Федерика Брињоне од Италија и Швеѓанката Сара Хектор. Шифрин сега има 86 победи во Светскиот куп, колку и легендарниот Ингемарк Стенмарк. Таа веќе утре на слаломската трка во Оре, доколку победи може да испише нова историја и официјално да стане скијачка со најмногу победи во машка и женска конкуренција.
Шифрин уште претходно го обезбеди големиот Кристален глобус во генералниот поредок, а води во велеслалом и слалом.
