Ракомет Спорт

Лазаров: Најважно е да се пласираме на ЕП, големо искуство за младите играчи

Македонската машка ракометна репрезентација во првиот натпревар на домашен терен во квалификациите за ЕП во оваа година, совладана е од Португалија со 29:23.

Сепак и покрај поразот предводникот на националниот тим Кирил Лазаров има некои работи кои оцени како добри во тимот, но овој млад состав сепак треба да стекне уште поголемо искуство.

“Португалија беше фаворит пред мечот, знаевме за каква селекција се работи, одигравме достојно против ваква квалитетна селекција. Мислам дека незаслужено загубивме шест разлика, во еден миг и водевме. Не сум задоволен, затоа што поминаа некои работи што ги договаравме и кои ги знаевме. Не е срамота да се изгуби од Португалија, но ни недостасуваше фокус и концентрација. Можевме подобар резултат, но од друга страна знаеме каков противник е Португалија, која имаше и квалитетно светско првенство. Треба на реваншот да поправиме од се’ по нешто. Малку доминираа и физички, изгубивме доста дуели, многу бевме дефицит на игра со кружен напаѓач, иако бевме договорени да ги браниме квалитетни, и примивме многу голови од таа позиција затоа што беа подобри физички. Нашите играчи беа во еден мал грч, но се надевам дека како поминува времето ќе биде подобро. Најважно е да се пласираме на ЕП, против селекциите на Турција и Луксембург сме фаворити, но не е лесно во денешно време да се добијат мечеви, но треба сега да мислиме само на реваншот со Португалија”, изјави Лазаров по завршувањето на натпреварот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе