Вести Македонија Топ вести

Јовановиќ во „Топ тема“: Aматеризам во владата, но целата вина е кај пекарите кои прилично нечовечки решија да не произведуваат леб

Лебот во Австрија е поскап за еден до два пати, но платите се повисоки за пет пати. Овде има „замрзнати“ цени на енергијата, на гасот, на парното и на струјата“, изјави економскиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ во вечерашната „Топ тема“ дебата на Телма ТВ.

„Граѓаните овде многу повеќе троишат на енергенси, отколку на храна и затоа цела Европската Унија донесе одлука за ограничување на цените на енергенсите и сите европски земји го почитуваат тоа. Апсолтуно е неточно дека во пазарна економија не може да има контрола на цени. Напротив. Ниту една пазарна економија не може да функционира владина интервенција и тоа го гледаме во оваа криза. Ако нема владина интервенција во поглед на контролирање на цени, ќе имате експлозија на инфлацијата“, вели Јовановиќ.

Храната не е проблем во Австрија, како што нагласи, во Австрија е проблем енергијата.

„Тоа сè уште е несфатливо во Македонија, ниту економистите, ниту политичарите и затоа ќе имаме ситуација како денешната“, посочи Јовановиќ.

Одлуката за „замрзнување“ на цената на лебот е задоцнета и не е спроведена на добар начин, смета Јовановиќ.

„Ова требаше да се направи уште лани. Всушност се направи лани, на крајот на ноември кога три месеци имавме „замрзнување“ на цените на неколку производи и во тој период, Македонија имаше најниска инфлација во целиот регион. Потоа Владата, од непознати причини, одлучи да ги „одмрзне“ цените и да оди со политика на „замрзнување“ на маржи, па им попушташе на фирмите, им даваше пониски даноци, пониски царини, пониски цени на струја. Практично се што ќе и побараа на владата, тие им даваа, и ги разгалија. Им трупаа пари во џебови и сега фирмите се бунат затоа што владата им го ускратува тоа што им го даваше цела година. Така што, оваа одлука за „замрзнување“ на цената на лебот е задоцнета и не треба да се однесува само на лебот, туку на сите основни прехранбени производи, како во ноември лани“, вели Јовановски.

Ако тоа го оцени како прва грешка, како втора ја нагласи отсуството на мерка во одлуката на владата за фирмите кои нема да ја почитуваат.

„И Србија и Албанија имаат „замрзнати“ цели веќе подолго време. Кај нив, во одлуката за „замрзнување“ на цените на храната, експлицитно стои дека фирмите се должни да продолжат со непречено снабдување со производите, во спротивно следуваат строги казни. Највисоката казна во Албанија е два милиони евра и предвидена е дури и конфискација на сите залихи на производите што ги имаат фирмите. Затоа Албанија има најниска инфлација во цела Европа“, истакна Јовановиќ.

Владата има голем аматеризам и направи многу грешки, смета Јовановиќ, но, сепак, како што истакна, главната вина, според него, не лежи кај нив.

„Целата вина за целата ситуација е кај фирмите, затоа што пекарите нехумано и прилично надмено, нечовечки, решија да престанат со производство на леб и, практично, да ја остават цела држава без леб, затоа што, пазете, малку ќе им се намалат добивките“, истакна Јовановиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе