Вести Македонија Најважни

(видео)Може да настане грешка и во декриптирање на податоците, сметаат сајбер експертите

Информатички експерти се уште работат на враќање на базата на податоци во Финдот за здравство, додека корисниците на здравствените услуги останаа без рецепти за потребните лекови, а здравствените работиници без плата.

Божирад Спировски, експерт за сајбер безбедност, во гостување на Уринската програма на Телма објаснува дека се можни грешки и при процесот на враќање на подотоците.

  • Се работи за вирус којшто влегува во компјутерскиот систем на неколку начини, потоа ги зема дадотеките, секоја дадотека е посебно шифрирана, односно криптирана и потоа му објавува на операторот вашиот систем е шифриран, а за да си ги добиете назад податоците треба платите одредена сума на пари во криптовалута, биткоин. Ако имате бекап вратете од бекап, ако немате бекап работата станува многу покомплицирана, рече Божирад Спировски, експерт за сајбер безбедност.

Тој вели едната опција е да им се плати на криминалците и тие ќе испорачаат „клуч“ но, никој не гарантира дека тој „клуч“ совршено добро ќе ги декриптира податоците дури е сосема можно тој криптовирус да е толку добро напишан да шифрира податоци ама едноставно некој да не бил толку внимателен во делот на програмата што ги дешифрира податоците, па да направи грешка и тоа постои како опција, како ризик.

  • Секојпат постои ризик да не ви даде ништо, да платите пари и да ви вратат „ѓубре“ и тоа се случува. Ако пак не сакаме да им веруваме, не работиме со криминалците, да ангажираме експерти, слично како оној дел дали се следи и дали може да се најде некој позади криптовалутата, теоретски може да се најде и некој што може да го пробие „клучот“ за шифрирање но, тоа ќе трае со месеци можеби и години, затоа што ќе бара многу математика многу обиди за пресметка, а во меѓувреме системот не работи, објаснува Божирад Спировски, експерт за сајбер безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе