Вести Македонија Најважни

Телма Ексклузивно: Даравелски барал аболиција од Црвенковски, и покрај пропуштен рок за ново судење, судиите од кривичен и Апелација го ослободија

Судиите го ослободија и поверуваа дека Даравелски дознал за пресудата по апсењето на Табановце во јануари и ја поништија неговата прва пресуда за финансиски злоупотреби во сарината, со што му овозможија ново судење и застарување на постапката.

Но Даравелски многу порано знаел  за пресудата. Според информации на Телма, за правосилната 7-годишна затворска казна Даравелски барал помилување односно аболиција уште во мај 2009-тата година, помалку од една година по настапување на правосилноста на пресудата.

Барањето за аболиција било поднесено од него до тогашниот претседател Црвенковски само неколку дена пред завршувањето на мандатот. Ова ни го потврдија од претседателскиот кабинет.

„Во евиденцијата на Кабинетот има примено барање за помилување од Драган Даравелски и одговор од 4-ти мај 2009-та година“ – одговорија од претседателскиот кабинет.

Според информациите на Телма, барањето било експресно одбиено од кабинетот на тогашниот претседател Црвенковски односно воопшто не ни било расправано комисијата за помилување да одобри аболиција.

Црвенковски заминува од функцијата 8 дена по вратениот одговор на Даравелски кој уште тогаш веќе е во бегство во Србија почнато во 2002-ра, со распишана меѓународна потерница за него. Одлуката на Црвенковски во согласност со законските обврски за архивирање на документација е испратена во Државниот Архив каде се чува.

Но судиите и во кривичен и во Апелациониот суд во текот на овој месец не им пречело барањето за аболиција и одлучија во корист на Даравелски кој бараше и доби ново судење затоа што наводно не знаел дека е осуден во отсуство и има можност да бара повторување во рок од една година од дознавањето.

По две децении бегство, сега делото злоупотреба му застаре со дозвола од судии во скопските судови и тој е слободен. Помина само 35 дена во затвор, наместо пресудените 7 години, а Даравелски ненадејно се врати од Србија на 11-ти јануари и веднаш беше уапсен и однесен во Идризово. Пуштен е на слобода пред два дена.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

МЗ: За случајот со Токсикологија ќе се постапи согласно добивањето на заклучоците од инспекциските надзори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе