Вести Македонија Најважни

Жените без породилно, пациентите без боледувања, лекарите без плата- десети ден базата на податоци на Фондот за здравство е блокирана

Веќе десети ден базата на податоци на Фондот за здравство е блокирана поради хакерски напад, реагираат здравствените работници и пациентите. Телма се обиде да стапи во контакт со директорката на фондот Филиповска- Грашкоска, но таа не одговори ниту на нашите телефонски повици, ниту на пораките.

За експертите ваквиот начин на комуникација на Фондот за здравство преку соопштенија е неприфатлив, доколку се има предвид сериозноста на целата ситуација.

Фондот за здравство може да негира што сака, но до сега они се покажаа катастрофално лошо во стратешките комуникации како ја известувааат јавноста за она што им се случило. И најверојатно ако луѓето не добијат плата не може ни да знаеме како и за многу други случаи како што имавме до сега. Колку подолго Фондот за здравство молчи и не излезе јавно да каже што се случува дали станува збор за обичен напад кој го бутнал системот или за многу посериозен напад со земање на податоци, па се барало уцена или исплата, сето тоа ја подгрева довербата на луѓето и шпекулациите, вели проф. д-р Методи Хаџи- Јанев.

Револт на социјалните мрежи, бројни реакции поради тоа што не се исплаќаат породилното и боледувањата на пациентите, во време на економска криза во која е несфатливо да се повикувате на трпение кај истите тие граѓани. Со реакција и здравствените работници на кои веќе една недела им доцнат платитете, не знаат за каков напад на системот станува збор.

Коректно ќе беше самиот Фонд, директорите на фондот да излезат, да кажат што е работата, а не вака индиректно и преку пријатели да разбираме за што се работи и како се работи, колку време треба да чекаме. Дадени се некои известувања до директорите што да ви кажам, вели Предраг Серафимовски од Синдикатот на клинички центар.

Во врска со стравувањата дека може да бидат искористени и злоупотребени личните податоци на пациентите за кој алармираше во повеќе наврати стручната јавност, додека Фондот за здравство само кусо реагираше дека експертските тимови утврдиле дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот, Хаџи Јанев вели дека токму ваквиот став говори за многу ниско ниво на институциите што е всушност сајбер напад и колку е важна сајбер безбедноста.

Дали е можно да бидат одземени податоци апсолутно е можно, бидејќи и од многу послаби напади  и поедноставни напади податоците може да бидат земени. Со оглед на тоа дека во здравствениот систем се оставени дури и сметки трансакциски на луѓето што вршеле плаќање итн. Тие податоци дефинитивно може да бидат во лоши раце, вели проф. д-р Хаџи- Јанев.

Во телефонски разговор за Телма поранешниот директор на Фондот за здравство Сашо Стефановски ни кажа дека најпрво треба да се провери дали системите на Фондот за здравство редовно се одржувале и дали има соодветен кадар. Дали станува збор за хакерски напад и кои се причините за пад на системот. Во меѓувреме Телма се уште го чека одговорот на поставените прашања до Фондот за здравство.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе