Ракомет Спорт

Недановски: Ова е поинаков Вардар, ќе бидеме уште подобри кога ќе се комплетираме

Македонскиот шампион, Вардар успеа да го совлада со посакуваните пет гола разлика директниот конкурент за првата позиција на табелата Татран Прешов.

“Црвено-црните” вечерва во Скопје го совладаа ривалот од Словачка со 29:24 и за комплетирање на успехот во оваа фаза од СЕХА лигата потребен е и триумф на гостувањето во Белград на мечот со Партизан.

“Навистина добра партија во една одлична атмосфера. Денеска ситуацијата на теренот беше различна, ова беше сосема поинаков Вардар бидејќи можевме да сметаме на дел од нашите најважни играчи. Имавме доволно време да се подготвиме, што беше забележливо иако се уште правевме грешки во нападот. Нивниот голман не беше на нивото од првиот меч, а ние бевме далеку пофокусирани. Верувам дека штом ни се вратат сите ракометари на кои во моментов не можеме да сметаме, ќе бидеме уште подобри”, изјави тренерот на Вардар, Владо Недановски

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе