Ракомет Спорт

Кузмановски продолжува во Вецлар

Членот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски од денеска и официјално е член на Бундеслигашот, Вецлар.

Откако успешно ги мина лекарските прегледи Кузмановски потпиша договор со Вецлар кој ќе важи до крајот на сезонава со опција да биде продолжен на уште 12 месеци.

Тренер на германскиот тим е поранешниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват, а дел од стручниот штаб е и нашиот поранешен репрезентативец Филип Миркуловски.

По Магдебург и Хановер, Вецлар е третиот клуб за Кузмановски во неговата интернационална кариера.

Се очекува Кузмановски во дресот на новиот клуб да дебитира во текот на овој викенд кога Вецлар ќе се соочи со Берлин.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе