Вести Македонија Топ вести

Извинување за Канал 5, нови квалификации за Телма

Министерот за економија, Крешник Бектеши ѝ се извини на новинарката од Канал 5 дополнувајки дека немал намера да ја навреди но, за Телма имаше големо „НО“ и нови квалификации

Во однос на Телевизија Телма, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните. Во спротивно, горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата, рече бектеши.

Бектеши вчера наместо да одговори на новинарско зошто државата плаќа поскап гас рече „Вие не сте тука да давате коментари, да поставувате прашања“. Ваквиот став е спротивно на етичкиот кодекс кој треба да важи за сите министри.

Носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста и засегнатите страни за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција, вака гласи оваа одредба на етичкиот кодекс за функционери, се вели во Членот 9 од етичкиот кодекс.

Во членот 5, наведено е дека министрите треба да знаат и да се грижат за јавниот интерес.

Вицепремиерката Славица Грковска е надлежна за постапки поради кршење на етичкиот кодексот а крајниот збор го има премиерот кој на располагање има три мерки. Јавен укор, да побара политичка одговорност или да поведе иницијатива пред институција. Дали ќе преземе нешто, Ковачевски дополнително ќе каже. Тврди дека не ја слушнал вчерашната изјава на Бектеши но го видел неговото денешно извинување.

Разрешување на министерот за економија Крешник Бектеши бара професорката Мирјана Најчевска по вчерашниот вербален напад на новинарите на Телма и Канал 5. Според неа, работата станува многу пострашна од само однос кон новинари и добива димензии на прекршување на едно од основните човекови права а тоа е правото на информирање.

Станува збор за односот кон граѓаните. Висок функционер во власта го прекршува ова право со тоа што одбива да даде информација тој всушност задава удар на целокупната демократија бидејќи ја оневозможува контролата на граѓаните врз власта. Новинарите се алка меѓу власта и граѓаните и нападот врз нив е големо прекршување на основно човеково право, смета професорката Мирјана Најчевска.

Мора остро и брзо да се реагира затоа што ова е недозволиво и смее да се случува во една демократска држава, предупредува Најчевска. Ова не е прв вербален напад на функционер од власта кон Телма. Претходно тоа го сторија и лидерот на ДУИ Ахмети и премиерот Ковачевски.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе